ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО 10 МАЈ ОД 11 до 14 ЧАСОТ ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА – БИТОЛА

08.05.2013

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организира Ден со УКЛО. На 10 Мај, на плоштадот Магнолија, единиците на УКЛО на посебни штандови ќе ги претстават студиските програми во трите циклуси на образование. Презентацијата на високообразовната понуда  ќе  се остварува на непосреден начин,  преку директни контакти со наставниот кадар, со што на потенцијалните кандидати ќе им се помогне во нивната професионална ориентација.

Манифестацијата Отворен ден на УКЛО  се реализира во соработка со општина Битола и локалните самоуправи од Југозападниот регион, како и со средните училишта, за чии ученици ќе бидат понудени сите потребни информации за упис на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ - Битола.

Отворениот ден на УКЛО ќе биде збогатен со пригодна програма.


Scroll to Top