РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД СИВАС ВО ПОСЕТА НА УКЛО

10.05.2013

На 9 мај, делегација составена од ректорот на Cumhuriyet универзитетот од Сивас, Република Турција, проф. др Фарук Коџаџик, претставник од стопанствениците, г. Јуксел Дузен и Советникот за економски прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, г. Ахмед Ќазими, го посети УКЛО и во просториите на Ректоратот се сретна со проректорот за настава, проф. д-р Сашо Атанасоски и со проректорот за студентски прашања, проф. д-р Никола Крстаноски.

При претставувањето на двата универзитети, преку академските понуди и видовите соработка, проректорот Атанасоски направи посебен осврт на формите на меѓународна соработка коишто УКЛО ги реализира во рамките на потпишаните билатерални договори со универзитетите од Република Турција.

Во контекст на меѓународната соработка, ректорот Коџаџик ја претстави Програмата МЕВЛАНА, којашто по углед на ERASMUS LLP е креирана и финансирана од Министерството за образование на Република Турција и предвидува размена на студенти и академски кадар врз основа на претходно потпишани билатерални Мевлана договори за размена.

Раководството на УКЛО ја изрази својата подготвеност за пристапување кон ваков вид соработка.

Scroll to Top