Свечено одбележан јубилејот 30 години Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола

24.04.2009

Одбележувањата по повод триесетгодишнината од основањето УКЛО започнаа со бројни свечености и манифестации.

На програмата што се одржа на Педагошкиот факултет- Битола, пригоден збор за јубилејот одржа ректорот, проф. д-р Златко Жоглев,кој потсети на три деценискиот пат  и бројните генерации  кои го вложија својот стручен и творечки потенцијал кон отворените хоризонти на развојот.

Министерот за образование и наука Перо Стојановски честитајќи го јубилејот на Универзитетот„Св. Климент Охридски„- Битола, го нагласи местото кое УКЛО го има во образовниот систем во Република Македонија.

Одлуката за формирање на вториот државен универзитет во Македонија  беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание,прв ректор беше д-р Стеван Габер.

Во изминатите три децении на УКЛО дипломирале близу дваесет и пет илјади студенти.Во моментов на УКЛО има околу тринаесет илјади студенти.

УКЛО е член на Европската универзитетска асоцијација – ЕУА,а воедно членува и во БУН и ЦЕЕПУС.Во изминатите три децении потпишани се 27 меѓународни договори за билатерална соработка. Денес Универзитетот „Св.Климент Охридски„ – Битола активно партиципира во интернационалните програми: Фаре,Темпус, ДААД, АТА,Фулбрајт и други.

Во рамките на одбележувањата на три децени УКЛО,  бројни делегации положија цвеќе пред споменикот на Св. Клименти. 

 

Обраќање на ректорот проф. д-р Златко Жоглев

 


Scroll to Top