ОДРЖАН ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО

11.05.2013

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организира Отворен ден на УКЛО.

На 10 Мај 2013 година, на плоштадот Магнолија, од 11 до 14 часот, единиците на УКЛО на посебни штандови ги претставиja студиските програми во трите циклуси на образование. Презентацијата на високообразовната понуда, вкупните перформанси и научно -  истражувачката дејност се остваруваa на непосреден начин,  преку директни контакти со наставниот кадар, со што на потенцијалните кандидати им се помогнa во нивната професионална ориентација.

Со поврзување на два значајни моменти од животот на средношколците:  радоста од матурирањето и помошта којашто УКЛО им ја понуди околу изборот на студиите како сериозен чекор и голем предизвик со што ќе го трасираат својот иден работен живот, постигната е целта на настанот и неговата успешност. 

Ректорот на УКЛО проф. д-р Златко Жоглев во пораката за матурантите истакна максимално да ги искористат можностите за инвестирање во споственото знаење како најголема, капитална инвестиција.

Првата манифестацијата од овој тип на УКЛО се реализира во соработка со општина Битола. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески на идните студенти им посака да направат  правилен и успешен избор.  Отворениот ден на УКЛО беше збогатен со пригодна забавна програма.


Scroll to Top