ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА ВЛАДИМИР КОСТОВ

01.06.2013

На распишаниот награден Конкурс за краток расказ на слободна тема “Владимир Костов“ , во две категории: за вработени и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола, конкурсната комисија  одлучи во категоријата студенти да го награди расказот со наслов “Мирисот на огнот“, доставен под шифра Дајмониум, од авторот, Никола Илијовски, студент на Правен факултет – Кичево.

Во категоријата  вработени,  наградата ја добива расказот „Русите коси во снегот“, доставен под шифра Трепетлика, од авторот, асистент Гордана Стојаноска, Педагошки факултет - Битола

По иницијатива на Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Златко Жоглев, поддржана од Педагошкиот факултет,  веќе неколку години се распишува Конкурс за краток расказ Владимир Костов на слободна тема, со цел да се  оддаде заслуженото внимание кон творештвото и ликот на современиот македонски раскажувач и драмски автор Владимир Костов, еден од најплодните прозаисти кај нас, а во академската јавност да се поттикне литературното творештво и уметничкото изразување.


Scroll to Top