Посета на амбасадорите на Република Австрија и Република Германија на УКЛО

19.06.2013

Ректорот на УКЛО, проф.др.Златко Жоглев, на 18.06.2013 оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, др. Томас Мајкл Бајер и нејзината екселенција г-ѓата Гудрун Елизабет Станекер, амбасадор на Република Германија во нашата земја. При тоа се разговараше за досегашната соработка на УКЛО со Универзитети од Австрија, Германија и Швајцарија и можностите таа да се подигне на повисоко ниво. На средбата беше отворено и прашањето за поддршката од страна на австриската и германската влада за зголемување на присуството на германскиот јазик на оваа високообразовна установа и обезбедување на стипендии за кадри од Педагошкиот факултет кои него го изучуваат, што секако  ќе придонесе за развојот на Катедрата за германски јазик.

По средбата во Ректоратот на УКЛО двата амбасадора одржаа предавање на Педагошкиот факултет на тема „Студиите по германски јазик на Педагошкиот факултет во Битола“.


Scroll to Top