Злато за каратистите на УКЛО

22.07.2013

Во периодот од 18 до 21 јули 2013 година во Будимпешта, Унгарија одржано e шестото Европско Универзитетско првенство во карате, во организација на Европската Универзитетска Спортска Федерација (EUSA). На првенство учесник беше и Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола, со 5 свои каратисти: Пуликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска, Верица Трајкоска, Даниел Петкоски и Борче Петкоски.

Каратистите на УКЛО на оваа студентска спортска манифестација беа повеќе од успешни, и освоија 2 медали. Во категоријата кати поединечно во женска конкуренција Поликсенија Јованоска го освои второто место во силна конкуренција од преку 30 каратистки од Европа, додека во категоријата ката екипно во женска конкуренција, ката тимот на УКЛО во состав: Пуликсенија Јованоска, Верица Трајкоска и Зорица Спиркоска го освои првото место и се закити со златен медал.

Со овие резултати продолжуваат успешните настапни на студентите на УКЛО на Европските Универзитетски првенства во карате, откако во 2011 година во Сараево, универзитетскиот ката тим го освои второто место.

На годинешното Европско првенство во категориите кати и борби учествуваа вкупно 127 Универзитети од 27 земји во Европа.

Scroll to Top