Нов договор за соработка со Универзитетот во Ница

02.09.2013

УКЛО потпиша нов договор за соработка со Универзитетот во Ница, Софија Антиполис- Франција.  Претседателката на UNICE, проф. Фредерик ВИДАЛ и ректорот на УКЛО-проф. Жоглев, со чинот на потпишувањето на нов договор, повторно ја афирмираа својата веќе декларирана посветеност кон развивање различни форми на меѓууниверзитетска соработка.

Првиот меѓуинституционален договор за соработка со овој француски универзитет датира од ноември 2003 година и низ сиот изминат период  соработката се потврдувала преку заедничко иницирање и  учество во голем број европски проекти, дополнително е потпишан и билатерален Еразмус договор во рамките на Програмата за доживотно учење, реализирани се повеќе реципрочни размени на студенти и кадри, нотирани се учества на заеднички конференции и сл.

Новиот договор е извонредна можност за студентите и кадрите на УКЛО да реализираат размени, студиски престои и посети на овој реномиран француски универзитет.

Универзитетот во Ница,Софија Антиполис  е меѓу првите 500 универзитети на Шангајската листа за 2013 година.

Scroll to Top