Промовиран плакатот 30 години УКЛО

24.04.2009

Проректорот проф.д-р Сашо Атанасоски  го претстави плакатот издаден по повод  јубилејот на Универзитетот. Нагласувајќи го успешното движење на Универзитетот и перспективите за идниот развој проректорот Атанасоски ја образложи основната идеја на плакатот. Трите стилизирани фигури  претставени во динамичка и хармонична композиција  го симболизираат образованието, науката и културата, како единство на дејноста на Универзоитетот.

Честитајќи го јубилејот проф. д-р Сашо Атанасоски  ги нагласи заложбите за идниот развој на УКЛО: уште посилна динамика како обврска и должност кон студентите и државата.

 Плакатот е авторска идеја на уметничкиот фотограф  и графиќки дизајнер Здравка Мирческа.

Scroll to Top