ЗАПОЧНА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

16.09.2013

Првиот академски час за новата генерација студенти на УКЛО започна на 16 септември 2013 година.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола проф. д-р Златко Жоглев престојуваше на Педагошкиот факултет - Битола и се обрати  пред бруцошите,  посакувајќи  им успешен старт на студиите.

Според претходно утврден распоред, Ректорскиот колегиум на УКЛО по повод првиот академски ден, присуствуваше на пригодните настани во дел од единиците на УКЛО.

Централното случување по повод почетокот на новата академска година 2013/2014 г. за новозапишаните студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола ќе се одржи на 17 септеври 2013 г. на Технолошко  - техничкиот факултет во Велес. Поводот е надополнет со давањето во употреба на новите простории за работа на факултетот.

Покрај Ректор  и раководството на УКЛО, на настанот се очекува присуство на највисоките претставници од Министерството за образование и наука како и други истакнати личности од јавниот и политичкиот живот на Велес и Регионот.

Scroll to Top