Одржана централна свеченост по повод новата академска година на УКЛО

17.09.2013

На централната свеченост  што по повод новата академска година се одржа на Технолошко – техничкиот факултет во Велес, даден е во употреба новиот објект за потребите на факултетот.

На настанот, покрај Ректорот и раководството на УКЛО, присутвуваше и министерот за образование и наука на Република Македонија, Спиро Ристовски.

Со пуштањето во употреба на просториите од некогашниот хотел Вила Зора за потребите на Технолошко – техничкиот факултет во Велес, на површина од 1200 метри квадратни, за студентите и академскиот кадар се обезбедени  солидни и соодветни услови за едукација,  нагласи ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги потенцира носечките приоритети на Владата и ресорното министерство за успешен наставно – образовен процес и во таа прилика упати честитки до Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за посветноста кон мерките за продлабочување на севкупните услови за студирање, проширување на капацитетите и квалитетот на студентскиот стандард во сите домени.

 На свеченоста учество зедоа бројни претставници од академската заедница, истакнати личности од јавниот и политичкиот живот на Велес и Регионот, меѓу кои и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

 На Технолошко – техничкиот факултет во Велес со дисперзирани студии во Битола и Кичево во моментов се едуцираат над 800 студенти.


Scroll to Top