Информации за значајни настани и активности на УКЛО

02.10.2013

На 2 октомври 2013г. во Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола се одржа средба со новинарите, на која, дел од раководството на Универзитетот ја запозна јавноста со реализацијата на повеќе значајни настани и активности.

Меѓу поважните, нагласена е успешната реализација на уписите. На прв циклус студии запишани се 2541 студент, што e 300 студенти повеќе во однос на минатата година.  

Истакнато е и потпишувањето на важниот документ Magna Charta Universitatum, со што Универзитетот пристапи  кон оваа исклучително значајна асоцијација.

На пресс конференцијата стана збор за досега остварените 65 излезни мобилности во рамките на Еразмус програмата, односно, Еразмус Мундус  и Еразмус доживотно учење, а 11-те  влезни мобилности се показател за зголемениот  интерес за Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола.      

Информирано е и за учеството на УКЛО на завршната Конференција од Темпус проектот STREW Градење капацитети за структурни реформи во високото образование на земјите од Западен Балкан, како и за остварените  средби со ректорите на универзитетите од Сплит и Задар, во насока на проширување на академската соработка и заедничкото дејствување во повеќе домени.

Scroll to Top