Доделени дипломите на првите МБА постдипломци од Франклин Универзитетот

14.10.2013

На пригодна свеченост доделeни се дипломите на првата генерација постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Франклин универзитетот од Охајо, САД, коишто во соработка и заедничка организација со Универзитетот„Св.Климент Охридски"-Битола, се реализираат во просториите на Економскиот факултет - Прилеп.

На свечениот чин што се одржа на 10.10.2013 година, во Владата на Република Македонија, присуствуваa министерот за образование и наука Спиро Ристовски, раководниот тим на Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола предводен од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, директорот на студиите Никола Димески и претставници од  Франклин Универзитетот од САД.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека е горд што со поддршка на Владата и МОН, Универзитетот „Св. Климент Охридски"  - Битола е прв универзитет кој го донесе Франклин Универзитетот  во нашата земја.

Соработката со овој универзитет од Охајо иницирана од министерот Иво Ивановски датира од 2010 година  кога како странска високообразовна установа доби одобрение за вршење високообразовна дејност во Македонија,  а првите постдипломци беа запишани во академската 2011/2012 година.

Конкурсот за втората генерација постдипломци за МБА заврши и се очекува кандидатите да почнат со настава од ноември 2013 година.

Scroll to Top