Промовирана лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки

21.10.2013

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и  министерот за образование и наука Спиро Ристовски на 18.10.2013 г. ја промовираа лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ -Битола

На настанот присуствуваше ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев придружуван од проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска и генералниот секретар м-р Офелија Христовска. На промоцијата, чиј домаќин беше деканот на  Факултетот, проф. д-р Џулијана Томовска е истакнато дека лабораторијата за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи, покрај квалитетен практикум за студентите и за научно истражувачка работа на наставниот кадар, ќе биде од голема  корист за потребите на фармацевтската, козметичката, агропреработувачката и прехранбената индустрија.

Лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки – Битола е дел од Владиниот проект за опремување на лаборатории за потребите на универзитетите и научните институти во државата.

Scroll to Top