Отворена ликовна изложба од збирката на Ректоратот

24.04.2009

Универзитетот  „Св. Климент Охридски” - Битола во намерата да ја афирмира и промовира културата, организира ликовна изложба  од споствената колекција. Со претставувањето на 22 ликовни дела главно урбано – пејзажни композиции  од богатата и ретка збирка на УКЛО, за прв пат станаа достапни до пошироката културна јавност која на овој начин  има можност да проследи дел од сликите од  колекцијата  со вкупно 55 дела.

Најголем дел во колекцијата заземаат урбаните предели  во кои авторите на специфичен поетко-емотивен или драматично експресивен начин ја преобликуваат документарната вредност на одредена архитектонска целина на местата од кои потекнуваат: Сефиќ, Будеша, Салко, Јериќ, Полојнко или Монев Марко.

Верувам дека  оваа колекција ќе ја зголеми својата вредност  и ќе преставува вистинска ризница за понатамошни темелни проучувања, рече на отворање историчарот на уметност  Лиљана Христова.

Изложбата за отворена ја прогласи проректорот проф. д-р Сашо Атанасоски.

Scroll to Top