Настани на УКЛО

25.10.2013

На 24.10.2013 г. УКЛО беше организатор и домаќин на два настани што се одржаа на Правниот факултет, дисперзирани студии – Битола. Проф. д-р Зоран Видојевиќ, од Институт за општествени науки, Белград одржа предавање за „Општествените нееднаквости, човековите права и можностите за подобар свет“ на коешто се отворени  повеќе прашања за човековите права и слободи, потсетувајќи дека проблематиката на човековите права е една од најзначајните за современото човештво.

Потоа, промовирана е книгата од проф. д-р Петре. Т. Георгиевски  „Социологијата како критика на општествената, образовната и културната промена“. Промоторите, проф. д-р Зоран Видојевиќ, проф. д-р Ружица Цацаноска и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев истакнаа дека станува збор за квалитетно дело  во кое се публикувани трудови што помагаат да се добијат продлабочени сознанија од областа на методлогијата на општествените истражувања, се реафирмира дејноста на Борис Арсов како прв македонски социолог и  понудена е анализа за севкупната македонска социологија.

Паралелно со овие активности, на УКЛО се одржа редовна крводарителска акција, во соработка со Црвениот крст и Службата за трансфузиологија при Клиничката болница  во Битола.

Scroll to Top