Традиционална ноќна трка по повод денот на ослободувањето на Битола

05.11.2013

По повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, на 03.11.2013 г. на Широк сокак се одржа ноќна трка. На оваа спортска манифестација во организација на Сојузот на спортови и градот Битола, покрај основците и средношколците, учество зедоа и студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Дејан Кузмановски од Технички факултет се закити со првото место, Андреас Стојановски од истиот факултет го освои второто место, а меѓу најдобрите се најде и Кристијан Каранфиловски, студент на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Во женска конкуренција, најдобри резултати покажаа студентите од Техничкиот факултет, Стефанија Талевска и Марија Стојановска кои се пласираа на првата и втората позиција, додека третото место ѝ припадна на Маргарита Попоска од Технолошко – техничкиот факултет од  Велес.

На најдобрите студенти учесници на манифестацијата, им беа доделени медали и дипломи  за освоените места.

Scroll to Top