Медиумите и Универзитетот

24.04.2009

Проф. д-р Златко Жоглев, ректор  на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола, одржа средба со новинарите, која беше оценета како важна во напорите образованието да се промовира како важен чинител на економскиот, културниот и општествениот развој и најзначајна инвестиција за  напредекот на поединците и подобрата иднина на државата. Универзитетот  денес има 11 високообразовни установи, еден научен институт и четири придружни членки. Постојните и идните студенти на УКЛО може да избираат меѓу 41 студиска програма на додипломски студии и 28 студиски програми за постдипломските студии.

Scroll to Top