Втора генерација постдипломци на Универзитетот Франклин, САД, во Македонија

23.11.2013

Започна наставата за втората генерација постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Франклин универзитетот од Охајо, САД, коишто во соработка со Универзитетот „Св.Климент Охридски “-Битола, се реализираат на Економскиот факултет – Прилеп.

Од името на УКЛО, дваесетината постдипломци ги поздрави проректорот, проф. д-р Сашо Атанасоски, нагласувајќи дека МБА студиите на Франклин универзитетот е успешен проект на УКЛО, со што, тој е прв универзитет кој го донесе Франклин во Европа, односно во Македонија.

На пригодната свеченост што се одржа на 23.11.2013 г. директорот на студиите, Никола Димески им порача на студентите дека се реална конкуренција на нивните колеги кои студираат на истиот универзитет во САД.

Првите постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Френклин универзитетот од Охајо, САД, на Универзитетот „Св.Климент Охридски “-Битола беа запишани во академската 2011/2012 г.


Scroll to Top