Избрани најдобрите истражувачки трудови и есеи
26.11.2013
На распишаниот награден конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј на слободна тема, комисиите донесоа одлуки за најдобрите остварувања.
Наградени истражувачки трудови:
„Црвеното овошје како извор на антоцијани со антиоксидативно дејство“, од Александар Савески, студент на Технолошко-технички факултет – Велес, прва награда
„Степенот на сложеност на идното, минато-идното и предминатото време како фактор што влијае врз периодот на нивното изучување во наставата по македонски јазик„ од Јана Јурукова, студент на Педагошки факултет – Битола, втора награда
„Анализа на напредокот на Р Македонија во исполнување на економските критериуми на патот кон ЕУ за периодот 2009-2013г“, Елизабета Николоска, студент на Економски факултет – Прилеп, трета награда.
Наградени есеи:
„Ист помеѓу еднаквите“, од Наталија Трајковска, студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии Битола, прва награда
„Судбина или...?“ од Виолета Павлеска, студент на Факултет за админстрација и менаџмент на информациски ситеми- Битола, втора награда
„Изгладнети во преводот“ од Анета Димовска, студент на Педагошки факултет – Битола, трета награда