ПРОМОЦИЈА НА BASILEUS V И КРЕДО ЦЕНТАРОТ

29.11.2013

Во тек е презентација на можностите за студентска размена во рамки на програмата BASILEUS на сите единици во состав на Универзитетот.

Претставниците од Канцеларијата за меѓународна соработка пред студентите и академскиот кадар на Универзитетот ги презентираат општите услови за аплицирање, но и поспецифичните аспекти на програмата BASILEUS, со цел нејзино приближување до потенцијалните апликанти од УКЛО.

Промотивната тура се одвива според следната агенда:

Технолошко-техничкиот факултет - 26.11.2013

Факултетот за безбедност - 26.11.2013

Педагошкиот факултет - 28.11.2013

Факултетот за биотехнички науки - 28.11.2013

Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи - 28.11.2013

Технички факултет - 10.12.2013

Висока медицинска школа, Економски факултет, Факултет за туризам и угостителство, Правен факултет - во периодот од 11.12. до 21.12.2013

Дополнително, сите заинтересирани студенти подетални информации можат да најдат на www.basileus.ugent.be

Паралелно со презентацијата на програмата за студентска размена, пред студентите на Универзитетот, се промовира и Универзитетскиот КРЕДО центар за кариерен развој, доживотно учење и алумни.

Промоцијата на КРЕДО центарот е со цел студентите поблиску да се запознаат со оваа нова организациона содржина, начинот на нејзино функционирање и услугите што, првенствено, ќе бидат достапни за студентите на Универзитетот.

До очекуваното ставање во функција на посебната web страна на КРЕДО центарот, сите заинтересирани подетални информации можат да прочитаат на  http://uklo.edu.mk/categories/view/191.

Scroll to Top