Одржани меѓууниверзитетски спортски натпревари

24.04.2009

Стодваесет студенти  од четирите државни универзитети и гостите од Универзитетот во Југоисточна Европа во чест на 30 годишнината од основањето на УКЛО ги одмеруваа силите во спортските дисциплини: мал фудбал, кошарка, шах и понг-понг.

Студентските спортски игри ги отвори проф. д-р Пере Аслимоски кој ја потенцира  јасната определба на Универзитетот„Св. Климент Охридски„- Битола за поддршка и негување на овие активности зашто освен телото и духот  ги јакнат заемната соработка  и пријателството меѓу студентите.

Меѓууниверзитетските спортски натпревари се одржаа во салата„Младост„ и просториите од Техничкиот факултет – Битола.

Scroll to Top