ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

05.12.2013

Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО, на 05.12.2013 година, се одржа свеченост на која свое обраќање  имаше Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Нагласувајќи ја 34 годишната едукативна дејност на УКЛО, Ректорот се осврна на развојот на Универзитетот и задачите во наредниот период.

На свеченоста промовирани се неколку високи академски чинови. За прв пат,  УКЛО додели почесно звање, професор емеритус. Значајното универзитетско одличје е доделено на  единствениот акдемик од универзитетската заедница на УКЛО, д-р Глигор Каневче.

Звањата  почесни професори доделени се на д-р Себастиан Кемпген, посветен славист од Универзитетот во Бамберг, Република Германија и на  д-р Јозеф Лауринчик,активен истражувач и визитинг професор од Универзитетот во Нитра, Република Словачка.

Титула почесен доктор на науки УКЛО ја додели по четврти пат и ова високо признание го понесе професор Ролф Голоб, раководител на Центарот за меѓународни образовни проекти при Универзитетот во Цирх, Швајцарија.

По повод Патриот ден,  доделени се награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2012-2013 година како и наградите за најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Во рамките на чествувањата, повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на светителот Климент, во Ректоратот на УКЛО.

Scroll to Top