Потпишан договор за соработка со Универзитетот во Белград

20.12.2013

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Белград потпишаа договор за соработка.

Заедничкиот интерес за развивање наставно - научни активности и за интензивирање други форми на академско дејствување е во основата на иницијативата којашто се официјализира со потписите на  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и неговиот белградски колега, академик Владимир Бумбаширевиќ.

Договорот  за соработка  претставува општа рамка преку која одделните членки односно единици во составот на универзитетите со посебен анекс ќе може да го дефинираат видот, обемот и конкретните принципи за реализација на актвностите.

И покрај тоа што универзитетите веќе бележеа некои форми на билатерална соработка во минатото, ова е прв званично потпишан договор чиешто значење е дотолку поголемо што Универзитетеот во Белград е еден од 500-те најдобро рангирани во светот, а дополнително се иницира  билатерална соработка во светлото на регионалните приоритети во европскиот високообразовен простор.

Scroll to Top