ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ НА УКЛО

27.12.2013

Познатиот научник и истражувач во областа на нуклеарната физика, вештачката интелигенција и биомедицината, проф. д-р Златимир Димчовски, на 27.12.2013 година одржа предавање на тема „Церн и Република Македонија - сегашна и идна соработка во научни и индустриски проекти“.

Во предавањето наменето за академската и пошироката јавност, професор Димчовски говореше за соработката на Женевскиот центар  за нуклеарни истражувања со Република Македонија и посебно со УКЛО и индустријата во овој регион.

Како директор на националната  Агенција за нуклеарна технологија, д-р Димчовски ја искажа подготвеноста, освен за академската заедница, ЦЕРН да  ги отвори вратите и за македонски компании.

По повод пригодата, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека д-р Димчовски е почесен професор на УКЛО и негов докажан пријател, при што се заблагодари за соработката при вклучување на академски кадар и студенти од техничките науки во експерименталните и ИТ програмите на ЦЕРН.

Scroll to Top