Најдобрата женската ката екипа од УКЛО на средба со Ректорот

17.01.2014

Женскиот ката тим од УКЛО, носител на државната награда за најуспешна универзитетска екипа во 2013 година, оствари средба со  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев.

За посебниот придонес во развојот на спортот, меѓународна промоција и афирмација на УКЛО, членовите на ката тимот, студентите: Пуликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска и Верица Трајкоска, добија посебни благодарници.

Високото признание за најуспешна универзитетска екипа во 2013 година, женската ката екипа од УКЛО го заслужи со постигнатите резулати на  шестото Европско Универзитетско првенство во карате,  за освоеното злато, во категоријата ката екипно, во женска конкуренција и второто место во кати поединечно, во женска конкуренција.

Тренерите на екипата, Елизабета Димоска и Златко Димоски очекуваат со поддршка на УКЛО, овој исклучителен успех да продолжи и во наредниот период.  

Спортскиот оскар за најуспешни спортисти и екипи во повеќе категории го доделуваат Сојузот на спортски федерации и Агенцијата за млади и спорт.

Scroll to Top