Се продлабочува соработката меѓу Секретаријатот за европски прашања и Универзитетите

31.01.2014

Шест универзитети од Република Македонија меѓу кои и УКЛО, на 29.1.2014 година потпишаа  Меморандум за соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Со Меморандум треба да се продлабочи соработката меѓу Секретаријатот и универзитетите во Република Македонија преку изработка на заеднички проекти за истражување, дебати, предавања и аплицирање за нивно финансирање во земјата и во странство.

Меморандумот предвидува стажирање на студенти во Секретаријатот во рамки на образовните програми  како и доделување стипендии.

Ректорите потписници на Меморандумот, меѓу кои и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, изразија задоволство од иницијативата и го поздравија потегот за продлабочување на взаемната соработка со Секретаријатот за европски прашања, со што, според нив, младите ќе имаат поголеми можности за запознавање и информирање за интегративните процеси на земјата, како и можност за постдипломски студии во земјата и странство.

Scroll to Top