ПРОМОЦИЈА

13.10.2008

Академик Виктор Фридман, познат американски славист и еден од најдобрите познавачи на македонскиот јазик, историја и култура ја доби престижната награда Духовен воин. Високото признание на пригодна свеченост му го додели маѓународната асоцијација Македонски духовни конаци Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола беше организатор на промоцијата. Настанот се одржа во Национална установа универзитетска библиотека Св Климент Охридски – Битола.

Организатор и предлагач на свеченоста по повод доделувањето на наградата Духовен воин за еден од стожерниците на македонската самосвојност и идентитет академик фридман е Универзитетот Св Климент Охридски – Битола.

Ректорот на Универзитетот проф. др Златко Жоглев следејќи ја научната работа на академик Фридман и неговиот евидентен интерес за посебноста на македонскиот јазик и негова афирмација, рече дека со задоволство ја прифатил иницијативата да се одржи оваа промоција. Ректорот Жоглев ја посочи анегдотата со филозофот Рене Декар поврзана со неговиот сон да го замени мечот со перо.Таа силна симболика е актуелна и денес и има универзално значење нагласи ректорот Жоглев посочувајќи дека за својата татковина секогаш може да се напрви многуподобро и многу повеќе на духовен план.

Американскиот славист Виктор Фридман повеќе од заслужено го добива ова високо признание како пријател на Македонија, на македонскиот народ и силен афирматор на македонскиот јазик, историја и култура.

Виктор Фридман имаше свое обраќање до присутните.Тој го изрази задоволството од добиената награда.Наврајќајќи се кон почетоците од неговите славистички и докторски студии тој посочи дека неочекувал ваква чест. Академик Фридман некрие дека се вљубил во Македонија Академик Виктор Фридман високото признание го заслужи со исклучителната посевтеност кон македонскиот идентитет и македонската кауза, образложи поетесата Светлана Христова Јоциќ, Претседател на Меѓународната асоцијација. Таа рече дека професорот Фридман е на ТИ со се што е Македонија и поврзано со неа.

Проф.д-р Вера Стојчевска Антиќ го изрази задоволството дека академик Фридман е неуморен борец во афирмацијата на македонскиот јазик и неговата посебност. Пријателот на Македонија г-дин Фридман даде голем придонес за развојните линии иизучување на македонскиот јазик низ целиот свет. Таа нагласи дека ова е особено значајно во годината која се одбележува како година на македонскиот јазик. Покрај признанието, на академик Фридман, професорката Љубинка Босотова, претседател на УО на Меѓународната асоцијација му подари дрворезба изработена од македонскиот уметник Владо Велјановски.


Scroll to Top