Промоција на доктори на науки

05.05.2009

На пригодна свеченост во Ректоратот промовирани се доктори на науки на Универзитетот 'Св.Климент Охридски"-Битола.

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:

1. Маја Рауник-Кирков – доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет -Битола

     - наслов на докторската дисертација: „Методички постапки за стекнување на визуелна писменост кај учениците од почетното образование во основните училишта (8, 9 и 10 годишна возраст) " ;

2. Снежана Саламовска – доктор на економски науки, Економски факултет - Прилеп

     - наслов на докторска дисертација: „Промотивните активности во функција на   зголемување на ефикасноста и ефективноста на компаниите" ;

3. Томислав Тунтев – доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола

     - наслов на докторска дисертација: Имплементација на проектен план за колаборативно донесување на одлуки (CDM) на аеродром Охрид".

 Со денешната промоција на новите доктори на науки на УКЛО до денес докторирале 93 доктори на науки.

 


Scroll to Top