УКЛО ја доби ЕРАЗМУС Универзитетската повелба...

05.05.2009

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Државниот универзитет од Тетово се трите универзитети  од Република Македонија кои ја добија ЕРАЗМУС Универзитетската повелба, врз основа на апликацијата поднесена до Европската комисија на 16. април 2009 година за добивање на ЕРАЗМУС Универзитетската повелба (ERASMUS University Charter), за периодот 2007 – 2013 година, во рамките на Програмата за доживотно учење на Европската комисија. 

Повикот за аплицирање првпат беше отворен за универзитети од Република Македонија и Република Хрватска, како две земји надвор од Европската Унија.

Инаку, стандардната ЕРАЗМУС Универзитетска повелба се однесува на високообразовните институции кои се подготвени да аплицираат во фондовите на ЕРАЗМУС програмата за транснационални активности за академска мобилност, како за наставен кадар, така и за студенти, или пак да делуваат како координатори или апликанти во конзорциуми за ЕРАЗМУС мултилатерални проекти, мрежи или слични придружни мерки.

Scroll to Top