Нова шанса за упис на УКЛО

21.08.2014

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во прва година на прв циклус студии, во првиот уписен рок конкурираа 1307 потенцијални студенти или 36 % од вкупниот број, процент што е  сличен  на минатата година.

За оваа академска година, УКЛО покрај на постојните, врши  уписи и на новиот Факултет за информатички и комуникациски техноголии.

Имајќи ги во вид бројот на пријавени кандидати и објавените прелиминарни ранг листи,  УКЛО планира дополнително да објави над 2000 слободни места за запишување на Универзитетот.

Нова шанса за упис, незапишаните матуранти ќе имаат во уште два уписни рока и тоа: на 1-ти и 2-ти септември во вториот уписен рок и на 15-ти септември 2014 година во третиот уписен рок. Во овие уписни рокови,право да конкурираат за индекс имат и лицата кои положиле училишна матура  или завршен испит.

По запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок, ќе биде  објавен дополнителен Конкурс за упис на студенти во прва година на прв циклус студии со прецизни податоци за бројот на слободните места.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.

Генерално, на ниво на УКЛО проекциите се  вкупниот број на запишани студенти да се движи до 2000 студенти.


Scroll to Top