УКЛО со поддршка за најдобрите студенти

21.08.2014

Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола ја продолжува политика за стимулирање на најдобрите студенти и презема активности за перманентна поддршка на студентскиот активизам и иницијативност.

Според  Конкурсот за  запишување студенти на прв циклус студии, на секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, еден најдобро рангиран кандидат (со највисок број на поени) во квотата на примените редовни студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе биде ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии.

Универзитетот ќе донесе посебна Програма за поттикнување и поддршка на студентите кои во текот на студирањето ќе постигнат најдобар успех и резултати, со посебна стимулација за студентите од техничките науки.

Во рамките на политиката на УКЛО за поддршка на најдобрите студенти, стимулации се нудат и на втор циклус студии.

Имено, на секоја студиска програма пет проценти (5%) од запишаните најдобро рангирани студенти во академската 2014/2015 година, ќе бидат ослободени од плаќање кофинансирање.

Scroll to Top