Завршна Конференција на проектот „Обезбедување на алтернативни предучилишни услуги“

21.08.2014

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Високата медицинска школа на 21 и 22 август 2014 година се организатори на завршната Интернационална конференција „Добри регионални практики за обезбедување холистички развој на предучилишни деца“ .

Конференцијата е завршна активност од Проектот „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА АЛТЕРНАТИВНИ ПРЕДУЧИЛИШНИ УСЛУГИ“, во којшто Високата Медицинска школа, односно Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е во улога на водечки партнер.  

На настанот, ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев  се осврна на придобивките од проектот и очекуваните резултати.

Станува збор за проект што започна во 2013 година, во којшто целната група од 150-на деца на возраст од 3 до 6 години во 12 села од општините Битола и Новаци  добиваат предучилишни услуги и ќе бидат во допир со раното учење.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА - програма за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.


Scroll to Top