Уписи - академска 2014/15

11.08.2014

Уписите во новата  академска 2014/2015 година почнуваат  на 13 август 2014 година. Првиот уписен рок ќе се одвива и на 14 и 15 август, при што, заинтересираните кандидати потребните документи за упис ќе ги доставуваат на соодветните високообразовни инсититуции. Пријавувањето за новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии ќе се одвива во просториите  на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола и на дисперзираните студии во Прилеп и Велес.

Според Конкурсот, во академската 2014/2015 година на прв циклус студии на Универзитет „Климент Охридски” - Битола има вкупно 3.665 слободни места. Годинава има 2.155 слободни места во државната квота, 970 во квотата за кофинансирање и 540 слободни места за вонредни студенти.

Во новата академска 2014/2015 година на УКЛО продолжува Проектот на Владата на Република Македонија 30/35, за стекнување на високо образование за возрасни и оваа дополнителна можност ќе се остварува со 70 места, на две единици: Техничкиот факултет и Високата медицинска школа.

Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 2 сепетмври, а третиот на 15 септември 2014 година.


Scroll to Top