Договор за соработка меѓу УКЛО и КШМК

11.08.2014

На 11 август 2014 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  и групацијата Кромберг и Шуберт – Македонија, потпишаа договор за соработка.

Взаемниот интерес од долгорочна наставно – научна и техничка соработка ќе се остварува низ повеќе сегменти како што се: обуки, тренинзи, поттикнување на истражувачки активности со перманентно збогатување на наставната програма за создавање квалификувани квалитетни кадри способни за успешен настап на пазарот на трудот. 

Договорот за соработка помеѓу Универзитетот  „Св. Климент Охридски“ – Битола и компанијата Кромберг и Шуберт -Македонија е во насока на зајакнување на врските помеѓу академската средина и надворешното окружување  за интензивирање на локалниот економски развој.

Scroll to Top