Утврдени конкурсите за втор и трет циклус студии

11.08.2014

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, на 178 седница, одржана на 11 август 2014 година, ги утврди Конкурсите за упис на втор циклус на студии (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии.

Идните магистранти имаат можност за избор од 1525 места од кои 200 се за специјалистички стручни студии. Дополнителна мотивација е што на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти ќе бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

За докторските студии УКЛО нуди 112 места организирани на Техничкиот факултет, Педагошки факултет, Факултетот за биотехнички науки и Факултет за информатички и комуникациски техноголии, сите во Битола,  како и на  Факултетот за безбедност – Скопје, Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и  на Правениот факултет во Кичево.

Уписната кампања на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола за вториот и третиот циклуси на студирање стратува на 4 сепетмври 2014 година и ќе се реализира во три уписни рока.

Scroll to Top