МАНУ и УКЛO ја продлабочуваат соработката

03.07.2014

Ректорот на УКЛО проф. д-р Златко Жоглев и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.

Во срдечна и топла атмосфера, документот е парафиран во присуство на неколку академици од МАНУ и комплетното раководство на УКЛО.

Според ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, Меморандумот претставува институционално надградување на соработката со Академијата, со цел да се постигне успех како во процесот на образованието така и во процесот на научно - истражувачката работа.

За академик Владо Камбовски, Меморандумот е инструмент за координација во повеќе активности, усогласување на истражувачки програми и постигнување отвореност во вклучувањето на потребни кадри од МАНУ и УКЛО.

На настанот што се одржа во Ректоратот на УКЛО заклучено е дека со конкретизирање на соработката, двете установи дополнително ќе ги вложат  севкупните капацитети во градење општество на знаење, во насока на поголема инцијативност и иновативност,  сообразени со духот на новото време.

Scroll to Top