Екипата на УКЛО второнаградена на натпреварот за развој на HTML5 апликации

17.06.2014

Апликацијата „Такси“, на авторите Бојан Војновски, Игор Завојчевски, Филип Митревски, Дарко Пајковски и Весна Ристевска од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, освои втора награда на натпреварот за избор на најдобрите три HTML5  апликации, организирана од  корпорацијата Intel, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Првата награда ја освои Миле Костоски со својата апликација „Пинг Понг“, додека третонаградена беше апликацијата на студентите Тони Наковски, Бобан Аврамоски, Катерина Трифуноска, Жанко Митрески и Мирјана Арѓир, „Планер за цели“.

Министерот за информатичко општество и администрација, М-р Иво Ивановски, ги додели наградите и сертификатите за постигнатиот успех на наградените апликации, заедно со Саша Огненовски, претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори и Валентина Дојчиновска, претставник на МАСИТ.

Scroll to Top