Потпишан меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и ЕВН Македонија

16.06.2014

Поеќегодишната успешна соработка помеѓуУниверзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и ЕВН Македонија беше заокружена со потпишување на меморандум за соработка со кој се отвораат можности за продлабочување и проширување на научната, апликативната и техничката соработка. Согласно активностите, ќе се реализираат заеднички научно - стручни истражувања, ќе се разменуваат знаења, искуства и вештини преку одржување на континуирани средби, работилници, семинари, како и учество на заеднички проекти за промоција на сите активности.

Меморандумот за соработка го потпишаа д-р Игор Гиевски член на управниот одбор на ЕВН Македонија и Проф.д-р Сашо Атанасовски проректор за настава  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Во таа насока, ЕВН Македонија ќе продолжи да ги подржува студентите кои се запишани на смерот за електро енегетски системи,  кои покрај можноста да посетуваат практична работа и да следат предавања на стручни лица од компанијата, студентите ќе имаат можност да станат и стипендисти на ЕВН Македонија.

Александар Кочалевски студент во прва година на електро отсекот при Техничкиот факултет-Битола е третиот стипендист кој покрај паричните средства, ќе посетува и практикантска работа следена од ментори и ќе добие поддршка од ЕВН во својот професионален развој. Според неговото мислење тој се одлучил да аплицира на отворениот повик за стипендија од ЕВН  не само заради материјалната поддршка  туку и професионалноста која се учи во дистрибутивната компанија како практичен дел од образованието кој ќе му овозможи вистински напредок во градењето на својата кариера.

Scroll to Top