Стартува новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии

18.09.2014

Со пригодна свеченост што се одржа на 18.09.2014 година, започнаа академските студии за првата генерацијата бруцоши од новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола.

По овој повод, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев се осврна на значењето на во областа на информатичките и комуникациски техноголии во услови кога тие се меѓу најзначајните придвижувачи на економиите и општествата.

На свеченоста присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски којшто го поддржа отворањето на овие студии. Во своето обраќање, тој се осврна на предизвиците и перспективите што ги нуди новата единица на УКЛО, во ера на брзи промени и се понагласена потреба од стручњаци во оваа област на светско ниво.

В.д. деканот на Факултетот, доц. д-р Томе Димовски,  на најдобро рангираните студенти им ги додели индексите, со што симболично е означен почетокот на студиите на новиот Факултет.

Во првата генерација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, запишани се над 350 студенти.


Scroll to Top