Oтворен Инфо клуб за студентите на УКЛО

24.10.2014

Сите потребни информации поврзани со можностите за дополнително образование, пракса и вработување, студентите на УКЛО ќе  ги добиваат во новоотворениот Инфо клуб на Правниот факултет во Битола.

На отворањето на Инфо клубот, на 24.10.2014 година присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој истакна дека ова е четврт Инфо клуб во државата и претставува една од активностите за доближување на сите релевантни информации за вработување на младите, да им се овозможи на брз и ефикасен начин  успешно да ја започнат кариерата.

Од името на УКЛО, отворањето на Ифо клубот го поздрави проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска. Нагласувајќи ја важноста на иницијативата таа потенцира дека вакви проекти ќе се поддржуваат и во наредниот период зашто се во интерес на студентите. По повод настанот, проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска потсети дека УКЛО со особена сериозност се грижи и за иднината на дипломираните, а Инфо клубот е меѓу алатките кои ќе даваат поддршка во насока на побрзо вработување. Таа истакна дека успех на секој универзитет е  кога неговите студенти ќе станат професионалци во струките во кое се едуцирале.

Информациите во Инфо клубот ќе бидат достапни секој работен ден од 10 до 16 часот.

Инфо клубот на УКЛО е проект на Министерството за труд и социјална политика и УНДП.


Scroll to Top