Соработка - УКЛО и Британски совет

04.11.2014

Во склоп на претходно потпишаниот договор за соработка во полето на образованието, Британскиот совет во Република Македонија и УКЛО на 3.11.2014 година, со потпишување договор,  ја реализираа иницијативата за партнерство во изведување на испитите за меѓународната диплома по англиски јазик IELTS и најновиот дијагностички тест  APTIS.

Со ставањето потписи од страна на директорот на Британскиот совет во Република Македонија, Елеонора Запрова и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и официјално е потврдено новото ниво на соработката меѓу двете установи. Тоа  се совпаѓа со најновите измени во доменот на јавната администрација и критериумите за нејзино регрутирање и кариерен развој во високото образование, државната администрација, здравството, транспортот и останатите области со кои се бара доказ за познавање на англискиот јазик според нивоата на Европската јазична рамка пришто се очекува голем број државни и јавни службеници да треба да поминат низ процес на полагање на ваквите тестови.

На средбата, на која се официјализираше формирањето на ова најново тест центар партнерство во Битола за целиот Југозападен Регион, присуствуваше комплетното раководство на Универзитетот.


Scroll to Top