Доделени стипендии на студентите на УКЛО од ЕВН Македонија

01.11.2014

На 30 oктомври во Скопје во организација на ЕВН Македонија беше реализиран iternship day на кој е доделена уште една, трета по ред стипендија за студенти од УКЛО. Ваквата активност се должи на повеќегодишната успешна соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и ЕВН Македонија. За доделувањето на стипендиите и успешната соработка од страна на УКЛО се заблагодари  проф. д-р Јованка Тутеска, проректор за наука, која го истакна значењето на соработката помеѓу  УКЛО и ЕВН Македонија и потенцираше дека ваквиот пристап ја потврдува улогата на ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија.

Во рамките на настанот, како резултат на  успешно завршениот проект за практиканска работа во ЕВН Македонија, студентите и менторите ги споделија своите искуства со присутните и ја потенцираа важноста  на практиканството како можност  студентите да научат за спецификите на индустријата, да стекнат реално работно искуство во светски брендирана компанија, да научат и да ги подобрат посебните вештини и да се понудат на берзата на трудот.

Г-дин Вернер Хенгст - Претседател на Управниот одбор на EVN Македонија АД Скопје ги поздрави просутните и потенцираше дека ваквата соработка со Универзитетот и понатаму ќе продолжи со тенденција да се продлабочува во иднина.


Scroll to Top