Одржан Европскиот студентски собир на универзитетите од Република Македонија

06.05.2009

Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, 9 мај, на Педагошкиот факултет-Битола, студентите од сите универзитети од државата учествуваа во дебатата:  Студентите ја обединуваат Европа: постигнувања, ограничувања и проблеми во високото образование во Република Македонија.

Ова значајно традиционално творечко дружење на студентите од Република Македонија го поздравија Ректорот на УКЛО проф.д-р Златко Жоглев, Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере, ректорот на ФОН проф.д-р Александар Николовски, проректорите од Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Фејзула Шабани и проф. д-р Муртезан Исмаили, претствници од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и од Европскиот Универзитет. Во рамките на манифестацијата се одржа натпревар во ораторство на теми од евроинтеграциските процеси.

Годинашниот домаќин на Европскиот студентски собир Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола активностите по повод Денот на Европа ги реализира во договор со Мисијата на Европската Унија во Скопје и Секретаријатот за Европски прашања при Владата на Република Македонија.


Scroll to Top