ПРЕДАВАЊЕ НА УНХЦР НА ВМШ

09.12.2014

Во рамките на одбележувањето на патрониот Ден на УКЛО, 8 Декември и 35 годишниот јубилеј, претставникот на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Мохамед Ариф, на 09.12.2014 година, на Високата медицинска школа одржа предавање посветено на обезбедувањето заштита на бегалците.

Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Јованка Тутеска во својство на домаќин и воведничар на настанот истакна дека  драматичните случувања со бегалците не ја заобиколуваат ниту нашата држава. Потребата за запознавање со оваа актуелна тема, таа ја образложи со човечката димензија во индивидуалните приказни на бегалците и со потребата за комплетирање и унапредување на знаењата на студентите кои избрале да студираат една хумана професија и имаат можност да слушнат за мисијата на УНХЦР во Македонија која почива на активноста на волонтери.

Високиот комесар за бегалци од УНИХЦР во Република Македонија, г-дин Мохамед Ариф, низ видео презентација се осврна на најактуелните случувања на овој план, со посебен акцент на миграциите во Западен Балкан и источно - медитеранската рута, нагласувајќи дека станува збор за мошне важно прашање, во услови кога вкупниот број раселени во светот вклучувајќи ги и оние во сопствените земји надминува над 50 милиони лица.

Во интерактивното предавање, претставникот на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Мохамед Ариф, укажа и на хуманитарната и социјална димензија на проблемот со што побуди интерес кај присутните.


Scroll to Top