Центар за податоци и информации за Европската Унија

07.05.2009

За потребите на студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола отворен е  EUi Центар за податоци и информации.

Седиштето на Инфо-точката е на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, кадешто на пригоден начин предаден е во употреба Центарот за податоци и информации за Европската Унија.

Договорот за отворање на инфо- Центарот што го потпишаа Ректорот проф. д-р Златко Жоглев, специјалниот претставник на Европската Унија и Шеф на Делегацијата на Европската Комисија  амбасадорот Ерван Фуере и деканот на ФАМИС проф.д-р Виолета Маневска ја потврдува заложбата на УКЛО за потребата од исклучителна информираност на студентите и наставниот кадар.

Користењето на  податоците и информациите за Европската Унија со EUi Центарот се очекува да прерасне во релевантен чинител на општественото живеење на студентите и секојдневна афирмација на  европските стандарди во високото образование.  

Во рамките на посетата на УКЛО амбасадорот Ерван Фуере одржа предавање на тема: ПОТРЕБНИТЕ РЕФОРМИ ЗА ИДНИНАТА И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА ДРЖАВАТА. Предавањето предизвика голем интерес кај студентите.

Scroll to Top