Конкурс за ЕРАЗМУС+

09.04.2015

УНИВЕРЗИТЕТОТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА

Врз основа на доделениот чартер  во 2013 година Erasmus Charter for Higher Education (ECHE) (255200-LA-1-2014-1-MK-E4AKA1-ECHE MK BITOLA01) и склучените Еразмус+ меѓуинституционални договори со странски високообразовни установи од програмските земји (анекс листа на договори)  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола објавува:

 К О Н К У Р С

за академската 2015/2016 година

Прв повик

За мобилност на студентите и академските кадри за реализација на студиски престој во рамките на програмата Е+ клучна активност 1: индивидуална мобилност  за студенти и наставен кадар.

Еразмус + студентите имаат обврска да запишат семестар/академска година на матичната високообразовна институција и се ослободени од плаќање школарина на странските универзитети.

Размената во рамките на Еразмус + може да трае помеѓу 3 и 12 месеци и во академската 2015/16 може да се остварува во периодот од 01 јуни 2015 до 30 септември 2016.

 

Времетраење на мобилноста

-         за студенти : еден семестар или една академска година ( студентите можат да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

-         за кадри : пет работни денови (без деновите за патување) со најмалку 8 часови настава

Право на пријавување

-         редовни студенти на прв циклус (со најмалку запишан трет семестар во моментот на мобилноста), втор или трет циклус

-         академски кадри во редовен работен однос на УКЛО

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (Список потпишани интеринституционални договори).

Постапка пред пријавување

  • Студентите заинтересирани за мобилност во соработка со Еразмус+ координаторот/ЕКТС координаторот должни се да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и странскиот универзитет и се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.  

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување (Student Application form)
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

  • Пополнет формулар за пријавување (Staff Application form)
  • Потврда за редовен работен однос
  • Покана (Letter of Invitation) од институцијата домаќин
  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

Селекција/рангирање на кандидатите

Селекцијата за студенти  ја прави факултетот/Универзитетот врз основа на следниве критериуми:

  • Академски резултати
  • Мотивираност

Напомена: јазичните компетенции се проверуваат on-line  пред заминување на мобилност

Студентите ги доставуваат апликациите до Еразмус+ координаторот на матичниот факултет којшто има обврска селектираните апликации на единицата да ги  достави до Канцеларијата за меѓународна соработка  за номинирање на партнерските институции водејќи сметка за  крајниот рок за номинација по семестар на избраниот универзитет (в. Список Договори).

 

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот: 8 мај 2015

Рок за доставување апликации до Канцеларијата за МС: 13 мај 2015

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени по добиеното известување за одобрените мобилности од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Евентуалните измени и дополнувања на конкурсот ќе бидат објавувани на веб страницата на УКЛО и веб страниците на единиците.


Scroll to Top