Предавање на УНХЦР на Правниот факултет

12.05.2015

На 12.5.2015 година, на Правниот факултет, дисперзирани студии во Битола, во организација на УКЛО, се одржа предавање посветено на обезбедувањето заштита на бегалците.

Се поголемата актуелност поврзана со драматичните случувања на бегалците кои транзитираат низ Република Македонија, обезбеди интерес кај студентите од овој  факултет, коишто со големо внимание го проследија излагањето на претставникот на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Мохамед Ариф.

Високиот комесар за бегалци од УНХЦР во Република Македонија, г-дин Ариф, се осврна на најактуелните случувања и напорите да се обезбеди задолжителна помош и подддршка за лицата од кризните подрачја.

Темата кај идните правници предизвика соодветен внимание и од аспект на нивно запознавање со мандатот, структурата и функционирањето на УНХЦР во Република Македонија.

Предавање посветено на обезбедувањето заштита на бегалците ќе се одржи и утре, за студентите од Правниот факултет, дисперзирани студии во Струга. 

 


Scroll to Top