Одржана Конференција за Партнерство меѓу академската заедница и бизнис секторот

11.05.2009

Конференцијата Партнерство помеѓу индустријата и универзитетот УКЛО ја реализира со поддршка на Генералниот Директорат за истражување на Европската комисија на Седмата Рамковна Програма и во соработка со Министерството за образование и наука. Ректорот проф. д-р Златко Жоглев ја искажа заложбата на УКЛО за учество, поддршка и помош во истражувачки проекти меѓу универзитетите и индустријата во Европа, осебно помеѓу малите и среди претпријатија.

Седмата рамковна програма е инструмент за поддршка на истражувања во земји-членки на Европската унија и земји со кандидатски статус. Македонија за прв пат рамноправно влегува во овие фондови вели националниот координатор на програмата проф.д-р Божин Доневски. Засега само Техничкиот факултет од Битола аплицира со два проекта во оваа програма на Европската Унија.     

До учесниците на конференцијата упатен е повик за поддршка како и  можностите за добивање и искористување неповратни средства што ги нуди ЕУ во рамките на оваа програма која ќе трае до 2013 година.

Настанот е дел од Програмата за одбележување на тридецениското постоење на универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола.

Scroll to Top