Студентите од катедрата за славистика во Бамберг- гости на УКЛО

12.06.2015

На 05.06.2015 година претставници од Универзитетот Ото Фридрих од Бамберг Сојузна Република Германија, го посетија УКЛО. Меѓу гостите беа проректорот на Универзитетот во Бамберг и почесниот професор на УКЛО,  д-р Себастијан Кемпген. На средбата којашто ја остварија со Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Златко Жоглев, беше потврдена добрата соработка меѓу двата универзитети базирана како на студентската, така и на доцентска Еразмус мобилност. Воедно е разговарано и за можностите за вклучување во заеднички проекти.

Студентите од катедрата за славистика  во Бамберг, во придружба на доц.  д-р Ана Марија Мајер, ја искажаа желбата за нови контакти и студиски патувања во што препознаваат поттик за нивниот развој и учење, особено на македонскиот јазик. 


Scroll to Top